ин мемориам

Почина Гоце Јанковски, поранешен вработен во МРТ

17.04.2024 19:38

Целиот свој работен век го помина во Македонската радио-телевизија, како спортски новинар а подоцна и дел од тимот во дописната редакција...

По кратко боледување во Скопје почина нашиот колега Гоце Јанковски. Роден 1944 година, целиот свој работен век го помина во Македонската радио-телевизија, како спортски новинар а подоцна и дел од тимот во дописната редакција.

Даде особен придонес во известувањето од терен и реализацијата на низа новинарски проекти. Погребот ќе биде извршен утре од 11.30 на градските гробишта Бутел.