свет
Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Јапонија
17.04.2024 21:03
Земјотресот е регистриран на 24 километри од Уваџима на длабочина од 41 километар...

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Јапонија, соопшти јапонската метеоролошка агенција. Земјотресот е регистриран на 24 километри од Уваџима на длабочина од 41 километар, пренесува EMSC.
Нема предупредувања за опасност од цунами поради земјотрес, засега нема информации за жртви или материјална штета.
