ХДЗ победник на парламентарните избори
Владејачката хрватска демократска заедница освои најмногу гласови на парламентарните избори, но ќе има помалку пратенички места ...

Владејачката хрватска демократска заедница освои најмногу гласови на парламентарните избори, но ќе има помалку пратенички места, поради што ќе биде принудена на напорни коалициски преговори. По пребројани 98 насто од гласовите, ХДЗ освои 60 места во 151-члениот парламент.
Социјалдемократите добија 42 мандати, а десничарското движење 14, што ги прави креатор во разговорите за идната влада. Забележана е рекордна излезност на изборите, гласале 62,25 насто гласачи.
„Важно е што ХДЗ, трет пат по ред, убедливо победи на парламентарните избори. Ќе почнеме да работиме на формирање ново парламентарно мнозинство, за да можеме да ја формираме нашата трета влада“, изјави Андреј Пленковиќ – хрватски премиер и лидер на партијата ХДЗ.
„Резултатите не се такви какви што сакавме да бидат. Но, исто така, покажаа дека две третини од Хрватите не се задоволни со она што се случува во земјата и сакаат промени.“, рече Пеѓа Грбин – лидер на партијата СДП.
