Таравари: Ќе донесеме повеќе правда
Ќе донесеме правда, ќе бидам претседател на сите граѓани, истакна при средбата со жителите на липковско, кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“. Таравари нагласи и дека ДУИ на регионот му нанела само штети...

„Ќе бидам претседател на сите граѓани кои што живеат во Македонија. Сите не интересира државата да ни биде поубава следните години, и што побргу да станаме дел од големото европско семејство, истакна кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“, Таравари промовирајќи ја својата програма пред жителите на липковско. Обраќајќи се пред присутните тој рече дека Куманово ќе се поврзе со Гњилане и Прешево, ќе се инвестира во агробизнисот, грантови за економски развој. Потенцираше и дека ДУИ на Липково му нанела само штети. Наместо да се развива, регионот влезе во економска, земјоделска и миграциска криза, рече Таравари. Но посочи по победата ќе донесат правда.
„Четирите столбови се правна држава, европски интеграции, безбедност во државата и консензуална демократија. Ќе бидам претседател на сите граѓани кои што живеат во Македонија, поеднакво исто сите сме жители на оваа држава, сите не интересира што поубаво да биде во државата следните години а пред се што побргу да бидеме дел од големото европско семејство. Ние двајцата албански кандидати имавме едно соочување, требаше уште едно но некако Бујар побегна од таа втора дебата, со другите кандидати немаше некоја и понуда ние секако би присуствувале“, истакна Таравари.
Носителот на пратеничката листа Гаши истакна дека влезот во европската унија е прв приоритет на коалицијата „Вреди“.
„Ќе зборуваме за нашата платформа, за нашите избори, параламентарните избори, очекуваме победа, промена, очекуваме албанците да гласаат за промена веќе евидентно е дека волјата на граѓаните е за промени ние сме тука само за да ја легализираме таа волја“, нагласи Гаши.
Таравари од Липково повтори дека со доаѓањето на власт ќе го забранат коцкањето, а ќе ги затворат и фирмите за брзи кредити.
Елена Георгиевска
