Израел

ЕУ воведе нови санкции против Иран

18.04.2024 09:03

По заострената реторика меѓу Израел и Иран, ООН го повторија својот повик за „максимална воздржаност“ меѓу двете страни. ЕУ воведува нови санкции против Иран за да се избегне ескалација во регионот...

Нетанјаху ја цени меѓународната поддршка во одбраната на Израел од нападот на Иран, но изјави дека неговата земја сама ќе ги донесе одлуките како ќе одговори.

„Им благодарам на нашите пријатели за поддршката. Тие имаат секакви предлози и совети, но сакам да разјаснам дека ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки и државата Израел ќе направи сè што е потребно за да се одбрани“, изјави Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.

ЕУ воведува нови санкции против Иран за да се избегне ескалација во регионот.

„Решивме да воведеме санкции против Иран. Ова е јасен сигнал што сакаме да го испратиме. Сакаме да направиме се за да ги заштитиме цивилите“, изјави Шарл Мишел – претседател на Европскиот совет.

Блискиот Исток тема и на состанокот на министрите за надворешни на групата г7 во Италија. По заострената реторика меѓу Израел и Иран, ООН го повторија својот повик за „максимална воздржаност“ меѓу двете страни.