ХОПС-25 години борба за општество во кое сите се еднакви и никој не е оставен на маргините
Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје денеска одбележува 25 години постоење...

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје денеска одбележува 25 години постоење.
По четврт век постоење, ХОПС има воспоставено три активни дневни центри: Дневен центар за намалување на штети од употреба на дроги, Дневен центар за ресоцијализација на жени во социјален ризик со потреба од ресоцијализација и Дневен центар за рехабилитација и реинтеграција на луѓе кои се соочуваат со зависност.
Како што стои во соопштението од Тимот на ХОПС, Здружението зад себе има многу победнички судски пресуди за заштита на правата на најмаргинализираните и заедно со партнерите, успешна промена на Кривичниот Законик за декриминализација на личната употреба на дроги.
– Благодарение на работата на ХОПС во Македонија бројот на заболени од ХИВ меѓу најризичните категории е сведен на минумиум – има само 1 нов случај во 15 години! ХОПС е релевантен член на локални, регионални и меѓународни коалиции и мрежи за унапредување на еднаквоста и правата на најмаргинализираните.
Работи за луѓето кои употребуваат дроги, се наведува во соопштението.
Но, бидејќи сè уште не можеме да кажеме дека сме општество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и во кое сите уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба, велат од Тимот на ХОПС, нашата борба продолжува и во следниот период.
