Продолжуваат караваните за претстојните избори
Во трка за пратеничко место во Собранието, 17 партии и коалиции. 13 од нив имаат листи во сите 6 изборни единици...

24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови за сите граѓани, одлучи владата. Целта е, непречено спроведување на претседателските и на парламентарните избори. Деновите нема да се одработуваат дополнително. Кандидатите за шеф на државата продолжуваат со претставувањето пред граѓаните во пресрет на гласањето идната среда.
А од полноќ, и официјално почна кампањата за парламентарните избори. Во трка за пратеничко место во Собранието, 17 партии и коалиции. 13 од нив имаат листи во сите 6 изборни единици. ВРМО-ДПМНЕ и коалицијата традиционално кампањата ја почнува од Охрид, СДСМ и коалицијата ќе има митинзи во Демир Капија и Гевгелија.
