Скопје

Без струја селата Волково и Кучково, како и неколку улици во Кисела Вода и Гази Баба

18.04.2024 09:30

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија денеска ќе останат корисници од селата Волково и Кучково, како и делови од неколку улици во општините Кисела Вода и Гази Баба...

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија денеска ќе останат корисници од селата Волково и Кучково, како и делови од неколку улици во општините Кисела Вода и Гази Баба.

Како што соопштија од РЦУК – Скопје, денеска во период од 09:00 до 16:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците во селата Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 14:00 часот од улиците „Банско“, „Баница“, „Наум Охридски“ и „Жванска“, во Општина Кисела Вода.

Без електрична енергија денеска од 07:00 до 15: 00 часот ќе бидат новите згради спроти „Мерцедес“ ул. 852, во Општина Гази Баба, додека во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат дел од улиците „Милан Мијалковиќ“, „Пржино“ и „Кавалска“, во Општина Кисела Вода.