Силјановска- Давкова: Пендаровски иако имал можност, само два пати ставил вето
Силјановска- Давкова го прозва Пендаровски дека го потпишал законот за измени на Кривичниот закон, кој бил срам за демократијата во земјава. Носителот на листата од изборната единица 3, Драган Ковачки, излезот од лошата состојба го гледа во промените...

Еден ден нашите деца ќе нè прашаат, каде бевте кога Македонија исчезнуваше, дел по дел. И кога годинава треба да положиме сметка, што се случило изминатите години после АСНОМ, мнозина ќе се срамат, кажа Гордана Силјановска - Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Велес. Таа го прозва противкандидатот Пендаровски дека, иако имал можност, само два пати ставил вето на донесени закони.
За носителот на листата од изборната единица 3, Драган Ковачки, излезот од лошата состојба била во промени, за да престанат националните понижувања и пљачкања на народот. Наместо да живееме, седум години преживувавме.
„На маса сме со НАТО, а Македонија е со највисока инфлација во Европа, со најголема бројка на невработени, рекордни сме по индексот на мизерија, според „Економист“ сме хибриден режим. Нема такви на масата на НАТО кои крадат 47 милиони евра од тендерот во РЕК Битола, голобради момчиња купуваат трговски центри како Соравија, функционери на власта делат шлаканици во контролата за летање“, кажа лидерот на партијата, Христијан Мицковски.
Петар Печков
