Јакимовски ја претстави програмата во Битола
Кандидатот за претседател од коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски синоќа во Битола рече дека срам е за македонската демократија да нема предизборен ТВ дуел на претседателските кандидати. На кандидатот од „Европскиот Фронт“ и министер за надворешни работи Бујар Османи му порача дека не смее да се водат еднонасочни политики...

Тоа што го зборуваат и предлагаат кандидатите од најголемите коалиции, а не се подготвени да се спротивстават со своите противкандидати на ТВ дуел е голем срам за македонската демократија. Зедоа по 1.650.000 евра и се рекламираат како фолк ѕвезди наместо да седнат на дебата кога се предлагаат тектонски пореметувања во уставно-правниот систем рече во Битола кандидатот за претседател од коалицијата „Храбро за Македонија“.
Јакимовски со критика и до кандидатот од Европскиот фронт, Бујар Османи. Цело време го слушаме како повеќе „бери гајле“ за интересите на Косово наместо да предложи подобар живот за нашите граѓани. Не можеме да водиме политики кој како сака и да бидат еднонасочни додавајќи дека предлогот на Османи Македонија да излезе од „Отворен Балкан“ е штетен предлог.
Стевче Митревски
