Избори 2024

Пендаровски: Главната опозициска партија става сопки на патот на Македонија

18.04.2024 10:54

Следниот чекор кој ни е многу битен кон ЕУ, не го направивме само затоа што главната опозициска партија почна две и пол години да става сопки на патот на Македонија, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски, во обраќањето на митингот во Гостивар…

Можевме и подобро. Меѓутоа во овој меѓународен контекст со ваква внатрешна опозиција која не знае кои се државни интереси на Македонија, верувајте ми беше многу тешко да се постигне повеќе од ова, порача претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски на митингот во Гостивар.

Тој дополни дека процесот дополнително го кочеле и опструкциите однадвор.

Јас во мојот 5-годишен мандат не ги делев луѓето на наши и ваши. Затоа од вас ја барам довербата за втор мандат во кој ќе работам за сите граѓани, истакна Пендаровски.

За разлика од нас, ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту еден меѓународен пријател и кога доаѓаат пред вас ви велат дајте ни власт и од утре ќе кажеме какви се нашите планови, нагласи Пендаровски.

Зоран Димовски