Продолжува војната на релација Москва-Киев
Двете страни соопштуваат за успешно пресретнати дронови, шефот на европската дипломатија од самитот г-7 од капри, повика на итно испраќање на воздушни системи за Украина...

Продолжува војната со меѓусебни напади на релација Москва-Киев. Додека двете страни соопштуваат за успешно пресретнати дронови, шефот на европската дипломатија од самитот г-7 од капри, повика на итно испраќање на воздушни системи за Украина.
Во пресрет на долгоочекуваното гласање во претставничкиот дом на САД, на 20-ти април за обезбедување воена помош од 61 милијарда долари, американскиот државен секретар и украинскиот министер за надворешни работи, Блинкен и Кулеба, побараа од домот да не се колеба и да ја одбри помошта.
„Итно е сите пријатели и поддржувачи на Украина, а особено САД, да ги максимизираат своите напори и да и помогнат на Украина за да продолжи ефикасно да се брани“, изјави Антони Блинкен - државен секретар на САД.
„Одлуката на Германија да и обезбеди помош на Украина е длабоко ценета, но тоа не би било можно без поддршката на САД. Да работиме тука за нови сојузници и да испорачаме системи за противвоздушна одбрана. Тоа е од фундаментално значење. Затоа би сакал да ги повикам членовите на домот да го поддржат гласањето“, изјави Дмитро Кулеба – министер за надворешни работи на Украина.
