ХРВАТСКА

Постизборна математика во Хрватска

18.04.2024 12:22

Во регионот, во Хрватска, вчера се оддржаа парламентарни избори, каде според преброените гласови Хрватската демократска заедница повторно издвои победа и освои 60, а социјалдемократската партија 42 мандати...

Владејачката Хрватска демократска заедница по трет пат е победник на парламентарните избори во Хрватска. По пребројани над 90 насто од гласовите, ХДЗ освои 61 место во 151-члениот парламент, што е помалку пратенички места од претходните избори. Владејачките конзервативци со ваквиот исход во изминатиот период, ќе мораат да водат напорни разговори за формирање на идната влада. За да останат на власт ќе им биде потребна поддршка од екстремно десничарското Движење на татковината, кое на изборите освоија 14 пратенички места.

„Она што е битно е што Хрватската демократска заедница по третпат уверливо победи на парламентарните избори. Уште поважно е што почнуваме со формирање ново парламентарно мнозинство за да ја формираме нашата трета влада“, изјави лидерот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

На изборите им претходеше кампања фокусирана на жестокото ривалство меѓу претседателот и премиерот на земјата. На владејачката ХДЗ им се спротивстави Сојузот на центристички и левичарски партии, неформално предводен од популистичкиот претседател Зоран Милановиќ и неговата Социјалдемократска партија која на изборите освои 42 пратенички места.

„Овие резултати сигурно не се онакви какви што сите ние сакавме. Но, исто така овие резултати покажуваат дека две третини од граѓаните и граѓанките на Хрватска сакаат промени. Две третини од хрватските граѓани не се задоволни со она што се случува во Хрватска. Пред нас се денови, можеби и месеци разговор, а тие разговори ќе завршат со промена којашто Хрватска ќе ја направи подобра“, изјави лидерот на СДП, Пеѓа Грубин.

На парламентарните избори во Хрватска е забележана рекордна излезност од над 60 проценти, особено забележано неколку часа пред затворањето на гласачките места. Изборите се одржаа во време кога Хрватска, членка на Европската унија и НАТО, се бори со највисоката стапка на инфлација во еврозоната, недостаток на работна сила, илегална миграција и извештаи за широко распространета корупција.

 

Маја Стојанова