Надал нема повеќе да се натпреварува во Барселона
18.04.2024 12:30
Додаде дека ќе игра во Мадрид ако се чувствува добро...

Поранешниот тенисер број еден во светот, Рафаел Надал вели дека тешко дека повторно ќе игра во Барселона. Во второто коло загуби од Алекс де Минор со 7:5, 6:1.
Можам со речиси целосна сигурност да кажам дека нема повеќе да се натпреварувам овде. Посакувам да можев да бидам поконкурентен, но за мене беше убаво што можев да одиграм два натпревари. Тешко ми е... Имав среќа да напишам прекрасна историја на овој турнир, а сега другите ќе се обидат да ме престигнат. Се има почеток и крај, нема драма, изјави Надал.
Додаде дека ќе игра во Мадрид ако се чувствува добро, а сега треба да одработи добра недела на тренинзи.
