Прва мерка: Владата ќе им ги прости долговите на социјалците

20.06.2014 18:24

Граѓаните од социјално загрозените категории ќе треба да поднесат барање до центрите за социјални работи. Иако отписот на долгот од страна на доверителите е на доброволна основа, тие ќе имаат право на даночен кредитдо десет отсто од отпишаниот долг...

Долговите за струја, парно, радиодифузна такса, за кредитни картички, за нотар и извршител ќе им бидат отпишани на корисниците на социјална или постојана парична помош, невработени кои бараат работа подолго од 1 година, како и оние изложени на социјален ризик поради смрта на брачниот другар или инвалидност.

„Невработените и лицата изложени на социјалн ризик можат да го остварат правото на отпис под услов, 2013 година заедно со браччниот другар да не оствариле приходи од 105.600 денари и да не поседуваат друг освен стан или живеалиште во кое живеат“, рече премиерот Никола Груевски.  

Граѓаните од социјално загрозените категории ќе треба да поднесат барање до центрите за социјални работи. Иако отписот на долгот од страна на доверителите е на доброволна основа, тие ќе имаат право на даночен кредитдо десет отсто од отпишаниот долг.

„На пример, доколку еден доверител, а е правно лице, отпише долгови во вкупен износ од 100 денари тогаш ќе плати 10 денари помалку данок на добивка“, додаде Груевски.

Законот за отпис на долговите се однесува сметките и трошоците направни до 31.12.2013 година.Се очекува на повикот да се јават меѓу 50 и 100 илјади граѓани. Проектот треба да се реализира до ноември.

 

Наташа Јанчиќ