Избори 2024

Таравари е оптимист дека ќе ја добие поддршката од граѓаните

18.04.2024 14:40

Со утринско кафе и состанок, лидерите од коалицијата „Вреди“ ја стартуваа кампањата за парламентарните избори од Скопската чаршија. Арбен Таравари, вели – гласот за мене на претседателските избори ќе донесе победа и на парламентарните на 8-ми мај...

Кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, вели – гласот за мене на претседателските избори ќе донесе победа и на парламентарните на 8-ми мај. Оптимист е дека ќе ја добие поддршката од граѓаните, а со тоа, како што вели, на политичката сцена да настанат промени во албанскиот блок.

Минимална плата од 800 евра до крајот на мандатот

Со утринско кафе и состанок, лидерите од коалицијата „Вреди“ ја стартуваа кампањата за парламентарните избори од Скопската чаршија. Во фокусот на изборната програма-економијата. Ветуваат минимална плата од 800 евра до крајот на мандатот. Нашата победа ќе донесе промени во општеството – вели Изет Меџити, носител на листата во првата изборна единица. Како една од мерките го посочи враќањето на државните претпријатија во раце на граѓаните.

Крај на коцкањето и на брзите кредити во земјава

Африм Гаши, кој е носител во изборната единица 2, најави ставање крај на коцкањето и на брзите кредити во земјава.

Од коалицијата „Вреди“ велат дека ќе се залагаат и за целосна децентрализација на општините. На парламентарните избори свои кандидати имаат во сите 6 изборни единици.

 

Наташа Гркова-Петрушевска