Приватните специјализанти и покрај владината одлука не се откажуваат од штрајкот
Приватните специјализанти го продолжија генералниот штрајк за повисоки плати и здравствено осигурување. Не го прифаќаат одговорот од Владата дека работниот статус ќе им се решава по избори. Познато е дека тие покриваат голем дел од работата на клиниките...

Од понеделник приватните специјализанти ќе протестираат пред Министерството за здравство, за да ги види министерот и да го потсетат дека не им се исполнети барањата. Мотото ќе биде „5 до 12 за македонското здравство“.
Куферот околу 250 лекари го пакуваат секоја година и заминуваат во странство. Тоа го чувствуваат и пациентите.
И од Светската здравствена организација на Денот на лекарите порачаа дека освен подобри услови за лекарите, државата мора да води сметка и за пациентите, мора обезбедат пари за навремена терапија за хроничните болести и превенција на незаразни заболувања.
Според проценки на СЗО во земјава има 130.000 граѓани со недијагностициран дијабет и 110.000 недијагностицирани пациенти со хипертензија.
Наташа Јанчиќ - Менковски
