Избори 2024

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најавуваат позитивна кампања

18.04.2024 14:59

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека нивната амбиција е во еден момент да се работи на минимум 500 точки. Во нашата кампања ќе слушнете многу позитивни работи, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 2, Мисајловски...

Нема да дозволам да се носат закони што се спротивни на Уставот. Нам ни треба владеење на право и правна држава. Нам ни требаат слободи и права и независно судство, ако го немаме тоа, ќе немаме ни држава. Ваква порака упати кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска-Давкова пред велешани.

Според неа, ако не избереме квалитетен човек, ќе гледаме како државата ни се распаѓа пред очи. Од Велес упати порака дека на сите ни треба социјална држава и пристојно европско место за живеење.

Мицкоски: Ќе бидеме влада за сите граѓани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека нивната амбиција е во еден момент да се работи на минимум 500 точки, на 500 локации низ цела држава. Мицкоски додаде дека нема да бидат влада само онаму каде што има градоначалници од нивната партија туку ќе бидат влада за сите граѓани.

Во нашата кампања ќе слушнете многу позитивни работи. Ќе слушнете за поголеми пензии, за поголеми плати и за поголем економски стандард, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 2, Мисајловски.

Враќање на довербата во институциите

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за претстојните парламентарни избори, порачаа дека партијата ќе води кампања што ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите. Парламентарните избори ќе се одржат на 8-ми мај.

 

 

Ана Јосифовска Тодоровска