Избори 2024

Стевчо Јакимовски и ГРОМ на средба во Струмица

18.04.2024 17:29

Претендентот за шеф на државата од коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски денеска заедно со носителот на листата во изборната единица 4 се во посета на Гевгелија и Струмица …

Секојдневно сме бомбардирани со нови уцени и закани од страна на Бујар Османи и Арбен Таравари кои велат дека нема да прифатат да формираат влада со оној што нема да го смени Уставот и нема да прифати измена на Уставот со цел претседателот да се бира во парламентот, вели претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Вели зачуден е што за овие уцени нема реакција ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ.

Со секои нови избори и со секои нови промени на Уставот, нас Македонците не поткусуруваат како монета и ништо не останува од нашиот идентитет, јазик и гордост- вели Јакимовски.

Нашата коалиција претставува вистински избор за трета опција во нашата држава, вели носителката на листатата на изборна единица 4, Ружица Николовска.

Вечерва ГРОМ и коалицијата ја претставуваат својата изборна програма и пред граѓаните на Гевгелија.

 

Марија Котовска