свет
Нов силен земјотрес ја погоди Турција
18.04.2024 21:09
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди централна Турција...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди централна Турција, пренесува EMSC.
Според Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации, земјотресот се случил во градот Сулусарај, во провинцијата Токат, на околу 450 километри источно од главниот град Анкара.
Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.
