фудбал

Барселона доби казна од УЕФА поради расистичко однесување

18.04.2024 21:30

Покрај расизмот, клубот добива казна и за палење факели и нанесување материјална штета на стадионот, а сумата која ќе мора да ја уплати изнесува 32.000 евра...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) официјално изрече казна за шпанскиот гигант Барселона и управата на клубот ќе мора да понесе одговорност за расистичките извици на нивните навивачи на првиот четвртфинален меч против ПСЖ во Париз.

Покрај расизмот, клубот добива казна и за палење факели и нанесување материјална штета на стадионот, а сумата која ќе мора да ја уплати изнесува 32.000 евра.

Барселона ќе мора да стапи во контакт со Пари Сен Жермен и во рок од 30 дена да ја исплати штетата предизвикана од навивачите на стадионот