Украина-НАТО

Воздушната одбрана-тема на вонредниот самит

19.04.2024 08:56

На барање на Киев, почнува вонредниот самит Украина-НАТО на кој се разговара за прашањето за украинската воздушна одбрана. Германскиот канцелар Шолц изрази надеж дека членките на Алијансата наскоро ќе и испратат системи за противвоздушна одбрана. Потврда за воена помош и од САД. Подготвени се веднаш да испорачаат оружје штом конгресот го усвои финансирањето.

„Се надевам дека сите ќе ги финализираат процесите за формирање мислење што е можно побрзо, бидејќи времето е од суштинско значење“, изјави Олаф Шолц, канцелар на Германија.

„Би сакале да побрзаме со безбедносната помош во обемот што мислиме дека им е потребен за да бидат успешни“, изјави генерал-мајор Пет Рајдер, портпарол на Пентагон.