САД
Избрана поротата за судењето на Трамп
19.04.2024 08:58
Избрани се сите 12 поротници за историското судење на Доналд Трамп поради поткуп, што ја придвижува постапката поблиску до воведните изјави и почетокот на неколкунеделното драматично сведочење...

Избрани се сите 12 поротници за историското судење на Доналд Трамп поради поткуп, што ја придвижува постапката поблиску до воведните изјави и почетокот на неколкунеделното драматично сведочење.
Адвокатите на одбраната и обвинителството сè уште треба да изберат алтернативни поротници за процесот на поранешниот претседател, кое е прво во историјата на Америка и се одвива во пресрет на претстојната трка за Белата куќа.
Трамп ги отфрли сите четири обвиненија против него, нарекувајќи ги политички мотивирани.
