избори 2024

Продолжуваат кампањите за парламентарните и претседателски избори

19.04.2024 09:05

Карваните на партиите патуваат од град во град, претставувајќи ја програмата пред граѓаните за да ја добијат нивната доверба...

Втор ден од кампањата за парламентарните избори. Карваните на партиите патуваат од град во град, претставувајќи ја програмата пред граѓаните за да ја добијат нивната доверба.

Во трка за пратеничко место во Собранието, 17 партии и коалиции. Тринаесет од нив имаат листи во сите шест изборни единици. Уште четири дена им остана на претседателските кандидати до првиот круг од изборите.

И денеска седумте претенденти на средби со граѓаните ќе ја претстават нивната програма. Кандидатот на СДСМ и коалицијата ќе има средби со граѓани во Чучер Сандево, Шуто Оризари и митинг во општина Бутел. Гордана Силјановска-Давкова, кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, карванот го продолжува во Ранковце, Кратово и во крива паланка.

Претендентката од „Левица“, Билјана Ванковска, ќе присуствува на промоција на Саемот на книга. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кандидат за претседател од движењето „Знам“ ќе има средби со жителите на населбата Ѓорче Петров во Скопје и во Велес. Продолжуваат и активностите на кандидатите за претседатели Стевчо Јакимовски од гром, Бујар Османи од ДУИ и Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“.