Синдикат на култура

Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата

19.04.2024 09:26

Над три илјади вработени во културните институции од денеска почнуваат со протести поради неисплаќање на платата за месец март...

Над три илјади вработени во културните институции од денеска почнуваат со протести поради неисплаќање на платата за месец март.

Како што најавија, протестите ќе траат сè додека не добијат плата, усогласена со колективните договори. Во меѓувреме, се процесуираат и тужбите за задоцнета исплата.

Протестите ќе се одржуваат пред Министерството за култура секој ден од 13 часот. Согласно усогласувањето на платите со минималната плата во државава, мартовската плата треба да им биде зголемена за 12 отсто.