Македонија

МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи

19.04.2024 09:37

Неработните денови за претстојните избори, 24-ти април и 8-ми мај училиштата ќе ги одработат на 18-ти мај сабота и часовите предвидени за 8-ми мај на први јуни. Министерството за образование и наука веќе ги информирало училиштата...

Неработните денови за претстојните избори, 24-ти април и 8-ми мај училиштата ќе ги одработат на 18-ти мај сабота и часовите предвидени за 8-ми мај на први јуни. Министерството за образование и наука веќе ги информирало училиштата.

Добиле допис дека на 15-ти јуни ќе биде одработен и неработниот ден даден на 30-ти ноември поради одржувањето на самитот на ОБСЕ во Скопје. Според МОН, овие денови мора да се одработат поради Законот за основно образование, според кој наставата во учебната година се остварува со 180 наставни денови. Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите класови.

На веста реагираше Јаким Неделков, претседателот на синдикатот за образование, наука и култура кој на социјалните мрежи порача министерот за образование веднаш да го повлече известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат неработните денови, прогласени од Владата, заради одржување на претстојните избори.