Левица од Велес ја започна кампањата за парламентарните избори
Ние не се плашиме да кажеме дека сме антиестаблишмент партија, која не се согласува со неправдата во системот, вградена во законите, во институциите и во секоја пора на општеството. Ова го истакна претседателската кандидатка на Левица Билјана Ванковска од митингот во Велес. Пред велешани се обратија и лидерот Димитар Апасиев и носителот во Изборна единица 3 Борислав Крмов...

Договорена е промена на Устав во првите 100 дена, без оглед кој ќе биде на власт. Затоа е битно Левица да влезе во парламент со двоцифрен број пратеници за да се спротивстави на таа најава, побара од митингот во Велес, лидерот Димитар Апасиев. Не направија полупротекторат, заробена држава, ова е последниот момент кога можеме геополитички да се престроиме. Апасиев иднината на Македонија ја гледа во т.н. глобален југ, поранешните „неврзани“ преку кои можеме да си го вратиме името.
Ванковска: Нудиме радикална промена
Претседателскиот кандидат Биљана Ванковска порача дека не го прифаќа овој систем на економска, политичка, бизнис олигархиска, етничка структура, која решила се да менува за ништо да не смени. Ние не бараме реформа, туку нудиме радикална промена на се постоечко. Не се согласуваме со неправдата која е вградена во законите.
Крмов: Ќе ги оданочиме богатите, а ќе ги намалиме даноците за сиромашните
Носителот на листата за изборната единица 3, Борислав Крмов кажа дека во Македонија има пирамидална економија, пирамидални даноци, кои доколку дојдат на власт, тие пирамиди ќе ги завртат на глава. Додаде дека ќе ги оданочат богатите, а ќе ги намалат даноците за сиромашните.
Петар Печков
