Фудбал – СП Бразил 2014

Ќе калкулираат ли Швајцарија и Франција со четврто реми по ред!

20.06.2014 20:28

Најпривлечниот елемент во 37-от дуел меѓу Швајцарија и Франција е тоа што евентуалниот славеник на Арена Форте Нова во Салвадор речиси ќе обезбеди осминафинале, теоретски Швајцарците ако притоа и Хондурас не го победи Еквадор, а „Триколоирите“ ако и Еквадор не биде подобар од Хондурас.

Трите последни меѓусебни пресметки завршија нерешено со вкупно само два гола, со два меча по 0:0, меѓу нив и единствениот мундијалски во групната фаза во 2006-та. 

Со пресврт  триумфот против Еквадор и тоа со гол во последната минута за 2:1, Швајцарците се во серија од три победи и само еден пораз во 19 натпревари, но против Франција не се радувале пет меча или 22 години.

„Знам дека Франција има флексибилен тим којшто секогаш може да префрли во повисока брзина и да работи како машина. Затоа ќе мора да ја спроведеме нашата филозофија, а тоа е да играме агресивно кон напред. Само на тој начин ќе имаме шанса за позитивен резултат“, изјави селекторот на Швајцарија, Отмар Хицфелд.

По срамниот настап во Јужна Африка, Французите ја пронајдоа хармонијата во репрезентацијата, па немаат пораз шест дуели, вклучувајќи го и триумфот против Хондурас со 3:0.

“Победивме, но тоа го направивме само во првиот натпревар од Групата Е. Сепак, потребни ни се бодови и во вториот меч, а сега нема да биде лесно“, рече предводникот на Франција, Дидие Дешам.

Во вкупната традиција Франција е поуспешна со 15 победи, Швајцарија има 12, девет натпревари завршиле нерешено, со заеднички 110 постигнати голови.