МВР
Казнети 133 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
19.04.2024 10:13
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 133 возачи, соопшти МВР.
Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.
Како што соопштуваат, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
