Сообраќај

МВР: 55 санкционирани возачи на мотоцикли

19.04.2024 11:09

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 55 возачи, информираат од МВР.

Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола. За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението.