„Рекет“
Бојан Јовановски бара повторување на судењето за „Рекет“
19.04.2024 11:59
Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски денеска до Кривичниот суд достави барање за повторување на судењето...

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски денеска до Кривичниот суд достави барање за повторување на судењето. Тој тврди дека во процесот не била утврдена материјалната вистина, а пресудата како што вели – служи за политичко препукување на штета на осудените лица. Тој тврди дека има нови докази и затоа бара ново рочиште со цел да се утврди вистината. Судот на Јовановски за овој случај му овозможи да користи прекин на затворската казна, заради лекување поради влошена здравствена состојба.
