Избори 2024

Продолжува двојната кампања, кандидатите на терен

19.04.2024 12:31

Втор ден од кампањата за парламентарните избори. Карваните на партиите патуваат од град во град претставувајќи ја програмата пред граѓаните за да ја добијат нивната доверба. Во трка за пратеничко место во Собранието, 17 партии и коалиции. 13 од нив имаат листи во сите 6 Изборни единици...

Втор ден од кампањата за парламентарните избори. Карваните на партиите патуваат од град во град претставувајќи ја програмата пред граѓаните за да ја добијат нивната доверба. Во трка за пратеничко место во Собранието, 17 партии и коалиции. 13 од нив имаат листи во сите 6 Изборни единици.

Уште четири дена им остана на претседателските кандидати до првиот круг од изборите. И денеска седумте претенденти на средби со граѓаните ќе ја претстават нивната програма.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата ќе има средби со граѓани во Чучер Сандево, Шуто Оризари и митинг во општина Бутел. Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, карванот го продолжува во Ранковце, Кратово и во Крива Паланка. Претендентката од Левица, Билјана Ванковска, ќе присуствува на промоција на Саемот на книга во Скопје.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кандидат за претседател од движењето „Знам“ ќе има средби со жителите на населбата Ѓорче Петров во Скопје и во Велес. Продолжуваат и активностите на претендентот за претседатели Стевчо Јакимовски од ГРОМ, кој ќе ги посети жителите на Кисела Вода. Претседателскиот кандидат од ДУИ Бујар Османи ја претстави неговата програма пред бизнис заедницата во Стопанската комора. И Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ продолжува со предизборните активности.