СДСМ побара поддршка од гевгеличани, Пендаровски се претстави во Кочани
Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски се претстави пред граѓаните во Кочани, додека во Гевгелија беше промовирана листата за пратеници во четвртата изборна единица предводена од Венко Филипче. Соопштија дека со СДСМ нема откажување од евроинтегративниот пат но и ќе се водат одговорни политики како и досега кои ќе бидат во корист на сите граѓани...

Наследивме тешка и заробена држава од 11 годишното владеење на режимот, се соочивме со пандемија и тешки кризи но сепак успеавме да ги надминеме со многу економски и социјални пакети насочени кон граѓаните и компаниите. Вака истакна претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски од Кочани, според кој државата на чело со СДСМ успеа да влезе во НАТО и да ги отвори преговорите со ЕУ. Според него токму на патот кон ЕУ има двојна блокада, првата е од источниот сосед а втората е од опозициската ВМРО ДПМНЕ, која според Пендаровски е опасно повторно да дојде на власт.
Македонија нема да се откаже евроинтегративниот пат
Минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20 илјади денари, 200 евра поддршка за сите нововработени млади до 29 години, помош и поддршка на млади земјоделци, повеќе пари во земјоделството и поголема финансиска поддршка на компаниите. Ова се дел од приоритетите на коалицијата предводена од СДСМ во програмата нема откажување од иднината. Лидерот Димитар Ковачевски подвлече дека Македонија нема да се откаже од евроинтегративниот пат, иако ВМРО ДПМНЕ сее раздор, навреди и закани со што на граѓаните им нуди само враќање во минатото.
СДСМ водеше исправни политики во интерес на сите граѓани
Го вложивме секој денар за да ги поддржиме семејствата и компаниите во економската криза. Го вложивме секој атом енергија да ги лекуваме и спасуваме луѓето во Ковид кризата. СДСМ водеше исправни политики во интерес на сите граѓани. Тоа е дефиниција за лидерство и патриотизам, порача Венко Филипче носителот на листа на изборна единица 4, на СДСМ и коалицијата за европска иднина на предизборниот митинг во Гевгелија, ветувајќи дека и во иднина ќе остане достапен за граѓаните.
На централниот митинг за парламентарните избори на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија, се обрати и коносителот на листата во 4ИЕ Јована Тренчовска и кандидатот за пратеник од Гевгелија Елизабета Стефановска.
Ване Трајков
