Избори 2024

Јакимовски ја презентираше својата програма во Струмица

19.04.2024 14:39

Секојдневно сме бомбардирани од нови уцени и закани од страна на господинот Османи и од страна на господинот Таравари. Велат дека нема да влезат во Влада со оној што нема да го смени Уставот и нема да прават Влада со оној што нема да поддржи измена на Уставот во којшто претседателот ќе се бира во Парламентот, рече претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски...

Главната причина зошто ни се иселуваат младите луѓе од Република Македонија е токму разочараноста од политичките и духовните водачи на нас Македонците во државава, вели кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски.

Ако има уцени за состав на Влада, ние ќе направиме широка коалиција меѓу ВМРО, СДСМ и сите останати што сакаат да влезат во неа – рече Јакимовски пред граѓаните на Струмица. Претседателскиот кандидат и лидер на партија Јакимовски вели дека маските паднале и дека признанието на Христијан Мицкоски дека повеќе нема да ги напаѓа ниту „Левица“, ниту „Знам“, значи дека тие стануваат јавна коалиција. Тоа покажува дека ги усогласуваат ставовите во врска со промена на уставот.

Спречување на иселувањето на младите

Приоритет на коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе биде спречување на иселувањето на младите, отворање на нови работни места и привлекување на инвестиции.

Во земјава има граѓани кои не се согласуваат со овие политики велат од коалицијата „Храбро за Македонија“ и се подготвени да се спротивстават на сите уцени и закани кои доаѓаат од кој било дел и од кој било политички субјект.

 

 

Александра Спировска