Македонија

Оспорени преку 3.000 акти за вработување и унапредување во јавниот сектор, донесени без врзан потпис

19.04.2024 14:13

Вишиот Управен суд ја уважил жалбата за вработувања и унапредувања во јавната администрација без врзан потпис од министерот за финансии и дополнителниот министер. Се работи за околу 3.000 вработувања…

Пресудите се однесуваат на донесените одлуки за вработувања како во ресорното министерство, но и за сите вработувања и унапредувања во јавниот сектор, а се без врзан потпис од министерот за финансии и дополнителниот заменик министер за финансии.

Ваквите активности за време на изборна кампања отвораат можност за сомнеж за влијание врз изборниот процес, а од аспект на Законот за спречување корупција се врши незаконско располагање со јавното добро-оценува дополнителната министерка за финансии. Се работи за околу 3.000 вработувања и унапредувања во јавната администрација.

Вработувањата и унапредувањата немаат правно дејство

По одлуката на Вишиот Управен суд, вработувањата и унапредувањата немаат правно дејство.

Сега Државната изборна комисија (ДИК) повторно ќе одлучува за секој предмет одделно. Претходно, министерот за финансии поднел барање до ДИК да донесе одлука за овие предмети, а согласно Законот за Влада, доколку постои неусогласеност меѓу првите двајца во ресорното министерство, надлежна е ДИК која пак донела одлука – овие вработувања не се поврзани со изборниот процес.

Марина Стојанова-Тонева