Димитриевски на средба со граѓаните на Ѓорче Петров
Мора да се обединиме како народ. Мојата програма е јасна, заснована на пет принципи, а како претседател ќе се залагам за правна држава и компетентен кадар во правосудските институции, рече пред ѓорчепетровци кандидатот за претседател од движењето „Знам“, Максим Димитриевски...

Како иден претседател на државата ќе работам на враќање на правната држава и ќе добијам можност соодветни и компетентни личности да бидат претставени и во Уставниот суд и во Републичкиот судски совет. Ова пред жителите на скопски Ѓорче Петров го вети претседателскиот кандидат на „За наша Македонија“, Максим Димитриевски.
Декларација за дефинирање на македонските црвени линии
По завршувањето на парламентарните избори, пред да влезат во преговори со идни коалициски партии, од „Знам“ ќе излезат со декларација за дефинирање на македонските црвени линии. После Илинден и АСНОМ, време е во Македонија да има и изборно востание, вели носителот на листата во изборна единица два, Даниел Стојчевски.
Иако сме нов политички субјект, имаме, волја, енергија, капацитет и луѓе за да го оствариме сето ова што го ветуваме, истакнаа од за наша Македонија на средбата со жителите на Ѓорче Петров.
Марија Котовска
