Османи нуди акциски план за економски раст
На средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, тој предложил претседателот на државата да создаде Национален совет за економски раст, со кој ќе претседава претседателот како креатор на државен консензус...

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи со конкретен акциски план за економски раст на Северна Македонија преку постигнување национален консензус и формирање национален совет.
На средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, тој предложил претседателот на државата да создаде Национален совет за економски раст, со кој ќе претседава претседателот како креатор на државен консензус, а во кој ќе учествуваат поголемите политички партии од двете етнички заедници, но и претставници на заедниците под 20%, регулаторите, бизнис заедницата, синдикатите.
Државен управен борд
Ова ќе биде еден вид на државен управен борд, со цел постигнување на државен консензус по однос на клучните параметри и регулативи за еден забрзан и одржлив развој-презентираше Османи дел од неговата визијата за земјата.
Под слоганот „Европа 2030“, Европскиот фронт што го предводи ДУИ ја презентираше програмата за парламентарните избори. Се бара рамковен за економските приоритети на земјава, еден премиер за сите и избор на претседател на државата во парламентот. Проектираат раст на капиталните приходи од над 700 милиони евра до над 1,1 милијарда евра во 2028 година. Просечна нето-плата од 900 до 1.000 евра во 2028 година. Одржлив развој и зелена трансформација, современа инфраструктура и рамномерен регионален развој.
Економски раст со стапка од 5%
Европскиот фронт во програмата предвидува економски раст со просечна стапка од 5 насто на годишно ниво, стабилни цени со годишна инфлација од 2 насто, зголемување на инвестициите во стопанството за 10 насто на годишно ниво, странски директни инвестиции од околу 3 милијарди евра во мандатот од четири години.
Од Европскиот фронт предвидуваат зголемување на трансферите за општините од 485 милиони евра во 2024 на 710 милиони евра во 2028 година. Фискални правила со буџетски дефицит од 3 насто и надворешен долг под 60 насто.
Игор Панов
