Основците ќе ги одработуваат деновите за избори
Изгубените часови за претстојните избори и Самитот на ОБСЕ ќе се одработат во саботите во мај и јуни – МОН ги извести основните училишта. Синдикатот реагира- одлуката е дискриминаторска, веднаш да се повлече...

Неработните денови за гласање преку ноќ станаа работни за основните училишта. Вчеравечер МОН со допис ги известило основните училишта дека ќе мора да одржат настава во две саботи, на 18-ти мај и на 1-ви јуни. Со тоа што основците во Скопје ќе учат една сабота повеќе, 15-ти јуни, за да го одработат слободниот ден што го добија за време на одржувањето на Самитот на ОБСЕ.
Првиот човек на СОНК испратил реакција до министерот Јетон Шаќири и бара веднаш да ја повлече одлуката.
Од МОН информираа дека во деновите пред одржување на изборите, 23-ти април и 7-ми мај, учениците кои следат настава во училиштата каде што ќе се одржи гласањето ќе имаат скратени часови.
Наташа Јанчиќ Менковски
