Антикорупциска го прифати приговорот на Силјановска - Давкова
Според приговорот доставен на 6-ти април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители...

Антикорупциска го прифати приговорот на Силјановска Давкова, кој се однесува за кршење на изборните правила. Според приговорот доставен на 6-ти април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. И денеска на седницата присутните си дофрлаа недолични изјави, по што седницата на кратко беше прекината.
Инаку, вработувањата во академијата „Павел Шатев“ се најдоа под лупа на институциите откако Силјановска-Давкова поднесе приговор до антикорупциска. Процесот требало да мирува до завршување на изборниот процес, како што предвидувал Изборниот законик.
