Временска прогноза

Променливо време со сончеви периоди

20.04.2024 08:42

Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд....

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и за време на викендот. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо време со сончеви периоди.

Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 13 до 20 степени.