ЦУК
Во последното деноноќие се регистрирани два пожари на диви депонии
20.04.2024 09:30
Два пожара на отворен простор се регистрирани во последното деноноќие, соопшти ЦУК. Гореле диви депонии во атар на с. Церово, Општина Желино и кај с. Боговиње....

Два пожара на отворен простор се регистрирани во последното деноноќие, соопшти ЦУК. Гореле диви депонии во атар на с. Церово, Општина Желино и над ресторанот „Дарданија“ кај с. Боговиње.
Интервенирале пожарникари од Тетово и ренџер од Националниот парк „Шар Планина“. Според последните информации, пожарите се локализирани.
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.
