Северна Кореја
Пјонгјанг: Пробното лансирање постигна одредена цел
20.04.2024 12:09
Северна Кореја соопшти дека тестирала боева глава со крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета...

Северна Кореја соопшти дека тестирала боева глава со крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Според Пјонгјанг пробното лансирање постигнало одредена цел.
Во соопштението од Северна Кореја се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности и дека немаат никаква врска со тековната ситуација на Корејскиот Полуостров.
Наспроти конфликтот околу севернокорејската нуклеарна програма и како одговор на повеќекратните ракетни тестови, САД и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка.
