САД
Почина маж од Флорида кој се самозапали пред судот во Њујорк
20.04.2024 12:13
Кампањата на Трамп изрази сочувство до сведоците на немилиот настан. Инцидентот се случи откако беа избрани 12 члена на поротата на Трамп и шест заменици...

Почина 30 годишниот маж од Флорида кој се самозапали пред зградата на судот во Њујорк каде што му се суди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Полицајци и цивили се обиделе да го изгаснат пламенот, по што четворица полицајци се здобиле со полесни изгореници. Кампањата на Трамп изрази сочувство до сведоците на немилиот настан. Инцидентот се случи откако беа избрани 12 члена на поротата на Трамп и шест заменици.
На Трамп му се суди во Њујорк за фалсификување документи во обид да скрие афера.
