Скопје

Ново тестирање на мостот „Беласица“, се утврдува состојбата

20.04.2024 12:21

По големиот пожар што се случи лани во мај, по една крајна лента во двата правца на овој фреквентен мост пред осум месеци беше пуштена за движење на лесни возила...

Денеска се прави ново товарење на мостот „Беласица“ неколку камиони, за да се види во каква состојба е и дали е целосно функционален за сообраќај.

По големиот пожар што се случи лани во мај, по една крајна лента во двата правца на овој фреквентен мост пред осум месеци беше пуштена за движење на лесни возила.

Се уште не се знае кога мостот „Беласица“ целосно ќе биде ставен во функција.