Почна гласањето со членовите на ИО пред одењето во странство
Денеска во ДИК гласаат членови на 31 избирачки одбор пред одењето во странство. На 23-ти април, вторник, ден пред претседателските избори, ќе гласаат болните, изнемоштените лица и затворениците, утре ќе почне дистрибуцијата на гласачкиот материјал.

Членовите на избирачките одбори кои ќе патуваат во странство гласаа за своите фаворитите во првиот круг од претседателките избори. Добија и билети до крајните дестинации каде што ќе го организираат изборниот циклус. На овој гласачкиот список се најдоа 191 кои патуваат на 31 локација.
Гласање ќе има во Абу Даби, Белград, Берлин, Виена, Венеција, Мелбурн, Минхен, Чикаго, Анкара, Софија, Мадрид и други градови.
Нашинците од дијаспората гласаат во вторник, од 7 до 19 часот по локално време. Ова право ќе го искористат 2.571 наш државјанин. Истиот ден ќе гласаат болните и изнемоштени лица, како и затворениците.
Анита Димитријевска-Велковска
