МВР

Документи ќе се издаваат и на денот на изборите

20.04.2024 15:17

Ќе преземеме се за да имаме безбедни и демократски избори, порача дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. Вели над 100 илјади граѓани ги немаат добиено личните документи, се надева дека по изборите ќе се реши проблемот...

Министерството за внатрешни работи досега издало над 1,2 милиони лични карти и над 1,5 милиони пасоши. На неколку дена пред претстојните избори сè уште има околу 100 илјади граѓани коишто побарале лични документи во февруари, но сè уште не им се издадени, вели дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Бојмацалиев.

На двата дена на претседателските и парламентарните избори ќе работат сите канцеларии за издавање лични документи на МВР, за да може граѓаните по итна постапка да добијат лична карта за гласање. На денот на изборите МВР ќе преземе се за да има мирна атмосфера за гласање.

Во Бирото за јавна безбедност при МВР е формиран штаб што треба да обезбеди мирна и демократска атмосфера на денот на првиот круг од претседателските избори, на 24-ти април, и на парламентарните избори, на 8-ми мај.

 

Ирина Гелевска