Коалицијата „Вреди“ со претседателскиот кандидат Таравари во Берлин
Дијаспората знае да се сензибилизира за промени, без нив не е направен ниту еден важен процес за државата, порача од Берлин, кандидатот за претседател Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“. Според него, нема дилема дека тоа ќе се докаже на 24 април и 8 мај.

Коалицијата „Вреди“ со претседателскиот кандидат Таравари и носителот на листа во првата ИЕ Изет Меџити во Берлин на собир со дијаспората. 24-ти април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај, порачал Таравари во Берлин повикувајќи ги присутните да излезат на гласање.
„Два пати се натпреварував во Гостивар и дојдоа значителен број луѓе од дијаспората. Тие го сензибилизираат населението и покажуваат колку е важно да се гласа за да се направи промена. Ние се приклучивме и сега си ја завршивме работата, вие продолжите да ја работите својата работа, да гласате за политичката ротација што треба да се случи во Северна Македонија. На овој начин овозможуваме дел да се врати да живее во Северна Македонија. Можете да комуницирате со луѓето, да побарате да не поддржат на 24 април, бидејќи 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“, изјави Таравари.
Пред присутните говорел и Изет Меџити, носител на листа во првата изборна единица. Ја совладавме Југославија, ќе ја совладаме и ДУИ- рекол Меџити, кој побарал поддршка од дијаспората.
Сега е историскиот момент за промени на албанската политичка сцена
Ниту еден важен процес во Северна Македонија не се одвиваше без дијаспората. По децении, сега е историскиот момент за промени на албанската политичка сцена, со обединетата опозиција и со самоопределување.
„Убавата вест е дека на 8 мај пристигнува победата. Од големо значење е учеството на дијаспората на овие избори, кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои ги мразат Курти и Косово. Првите политички движења се почнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од оваа дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ, која се спротивставува на Косово и кокетира со Вучиќ“, изјави Меџити.
Просечна плата 800 евра
Коалицијата „Вреди“ се залага за просечната плата во земјава да достигне 800 евра. Посочуваат на сите граѓани во Северна Македонија ќе им се поделат 49 отсто од акциите на државните претпријатија, односно на секој поединец ќе се поделат акции во вредност од 10.000 евра.
Овие акции ќе можат да се продаваат на пазарот, ќе донесат нова економска динамика во сите семејства, но ќе овозможат и внесување приватен капитал во овие претпријатија, што носи модернизација и развој.
Миле Ристески
