Јакимовски на средба со пензионерите во скопски Карпош
Претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“, денеска на средба со пензионерите во скопски Карпош. Ја презентираа изборната програма и ветија пензија не помала од 25 илјади денари. Повикаа во државата да се изградат повеќе пензионерски домови и геријатриски центри.

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од коалицијата „Храбро за Македонија“, повика во државата да се изградат повеќе пензионерски домови и геријатриски центри за нега во склоп на болниците. Вели младите се иселуваат од Македонија, во земјава имаме 330.000 пензионери. Факт е дека децата ни се иселуваат, тоа значи дека државата мора да мора да има институции коишто ќе се грижат за пензионерите, смета кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски.
Геријатриски центри за сите граѓани во тешка здравствена состојба
Во рамки на кампањата за парламентарните избори, Јакимовски вели дека потребно е да се градат и геријатриски центри за сите граѓани кои се во тешка здравствена состојба да бидат згрижени. Според него, државата мора да биде таа која ќе направи институционална форма и ќе води грижа за луѓето кои имаат здравствени проблеми, а нивните деца не се во земјава или имаат работни обврски.
Андоновска ќе се залага за законски измени
Од политичката партија „Гром“ предлагаат – ниту едно пензионерско семејство да нема приход помал од 25.000 денари, да има барем еден минимум со којшто ќе може да ги покрие трошоците за живот. Носителката на листа во ИЕ1 од „Гром“ и коалицијата „Храбро за Македонија“, Андоновска, рече дека ќе се залага за законски измени.
Андоновска додаде и дека според неа линеарното покачување на пензиите не е добро, бидејќи на тој начин пензискиот систем ќе колабира и за блиска иднина никој од сегашните и идни пензионери нема да зема пензија.
Ана Јосифовска Тодоровска
