Избори 2024

Ванковска на средба со граѓаните во Ресен и Битола

20.04.2024 17:33

Кандидатот за претседател Билјана Ванковска поддржана од партијата „Левица“, вели дека се бори за индивидуална позиција, а не за изборни пазарења. Заедно со носителите на листи за парламентарните избори денеска се претставуваат пред граѓаните на Ресен и Битола...

Моите решенија се радикални само затоа што се едноставни и недвосмислени. Вака одиме удолу – вели претседателската кандидатка Билјана Ванковска, поддржана од партијата Левица. Според неа, таа е единствен кандидат кој не е носител на политичка функција.

Апасиев: Геополитички да се престроиме

Ова е последен момент кога можеме геополитички да се престроиме. Не направија полупротекторат, заробена држава-вели носителот во првата изборна единица и претседател на Левица, Димитар Апасиев, кој иднината на Македонија ја гледа во т.н. Глобален југ, поранешните „Неврзани“ преку кои можеме да го вратиме името. На Левица и е потребен двоцифрен број пратеници за да се спротивстави на договорената промена на Уставот, вели Апасиев.

Помали даноци за сиромашните, поголеми за богатите граѓани-вети Борислав Крмов, носителот на листата во ИЕ 3.

Кандидатката за претседател од партијата „Левица“ денеска е на средба со граѓаните од Ресен и Битола. Заедно со неа претставување ќе имаат и кандидатите за пратеници.

 

Александра Велинова