Македонија

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

20.04.2024 18:27

Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова, која посочила дека жртвите се на возраст од 40 и 64 години и се од Кочани и од Скопје...

Сообраќајна несреќа се случила денеска попладне 14:25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип, во која две лица загинале, а едно е повредено.

Ова го потврдила и портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова, која посочила дека жртвите се на возраст од 40 и 64 години и се од Кочани и од Скопје. Оттаму информираат и дека возачот на шкодата се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница во Штип.

Патот од Штип до клучката кај Крупиште од 17 часот е затворен за сообраќај. Сообраќајот ќе се одвива по стариот регионален пат Штип-Кочани.